Пављученкова изрази сомнеж дека тениската сезона ќе продолжи
- Русинката Анастасија Пављученкова изрази сомнеж во врска со прогнозите дека тениската сезона ќе продолжи.

Москва, 12 април 2020 (МИА) - Русинката Анастасија Пављученкова изрази сомнеж во врска со прогнозите дека тениската сезона ќе продолжи.
- Не е познато што ќе се случи оваа сезона и дали ќе играме воопшто оваа година. Јас сум член на советот на играчи на ВТА, комуницирам не само со играчите, туку и со тениските функционери. И навистина имам сомнежи за оваа сезона. Иако во моментот никој конкретно не може да каже што и како ќе биде, изјави Пављученкова.
Тениската сезона е прекината поради пандемијата на коронавирус до 7 јуни. зс/