• петок, 05 декември 2025

Павловска Данева: За да има целосна уставна правда иституциите треба да постапуваат од одлуките на Уставниот суд

Павловска Данева: За да има целосна уставна правда иституциите треба да постапуваат од одлуките на Уставниот суд

Скопје, 2 септември 2025 (МИА) - Во Македонија има делумна уставна правда, затоа што е исполнето правото на граѓаните да можат да оспорат уставноста на било која законска одредба пред Уставниот суд, но за таа правда да биде целосна по одлуките на судот треба да постапуваат и другите институции во државата, односно да ги променат спорните одредби, вели уставната судијка Ана Павловска Данева. Како илустарција на ова таа ги посочи случаите со одлуките на Содот за Изборниот закиник и за Кривичниот законик. 

-Венецијанската комисија смета дека треба да бидат исполнети неколку критериуми за да може да кажеме дека во една држава има уставна правда или дека граѓаните имаат пристап до неа. Правдата е тоа секој гражанин да може да поднесе иницијатива и да оспори законска одредба или закон за кој смета дека е неуставен. Ние тој критериум го исполнуваме во целост. Но Комисијата има и други дополнителни критериуми во кои се вели дека уставната правда или владеењето на правото во една држава го цениме, не само од аспект на тоа дали секој граѓанин може да поднсе барање, туку и дали други институции освен Уставниот суд, постапуваат согласно одлуките, односно осебно истакнува дека е многу штетно за уставната правда молчењето на законодавецот, изјави Павловска Данева.

Таа појаснува дека во пракса има многу случаи кога Уставниот суд носи одлуки во кои поведува постапка и му укажува на Собранието дека постои основан сомнеж дека некој негов закон е спротивен на Уставот и притоа кога се работи за закони од огромен јавен интерес и општествено значење  Судот дава можност во одреден рок тоа самото да го усогласи својот закон, бидејќи, како што нагласи, ако го укине ќе дојде до касапење на законот бидејќи како уставен суд не создаваат нова норма. Со тоа, потенцира Павловска Данева, ќе остане правен вакуум и штетните последици по граѓаните ќе бидат уште поголеми од евентуалното неукинување.

-Затоа во неколку наврати Уставниот суд му дава можност на Собранието во одреден рок најчесто шест месеци да го усогласи својот закон согласно нашата одлука пред таа да биде конечна, за да не укинеме и да не поништиме. Некогаш навремено излегуваат во пресрет, некогаш со големо задоцнување, а некогаш за жал не излегуваат во пресрет односно законодавецот не го почитува рокот што му го дава Судот, вели Павловска Данева.

Додава оти во тој случај се отвора дилема дали да се укине законот и да се предизвика правна празнина, што некогаш може да им годи на политичарите или молкум да го пролонгираат тој рок и да почекаат закондавецот сам да го усогласи законот.

Притоа, таа посочи два примери, едниот за одредби од изборниот законик, кои Судот ги укина, и другиот пример за одредби од Кривичниот законик за кои судот поведе постапка и ќека законодавецот да постапи.

-Ние веќе укинавме одредби од ИЗ, но притоа не дадовме рок со што просто кажано веќе нема собирање потписи за независни кандидати. Претходно имаше еден начин и број за собирање потписи за независни листи за кандидати, потоа во 2023 или 2024 година Собранието ја смени таа одредба воведе многу повисок цензус. поради што Уставниот суд одлучи дека од формален аспект постапката во која е донесена измената е неуставна, а од материјален аспект дека е тоа толку висок праг од 1 посто од избирачкото тело што го оневозможува уставно загарантираното пасивно избирачко право на граѓаните, рече Павловска Данева.

Вели дека одлуката била донесена во март годинава и иако се знаело дека есенва ќе има локални избори не било преземено ништо односно законодавецот не го усогласил Изборниот законик согласно одлуката на Уставниот суд.

Се направи обид прв и последен, рече таа, во Собрание по распишување на изборите што повторно било спротивно на нивната одлука и предлогот бил наместо 1 процент, за кој Судот мсметал дека го оневозможува пасивното избирачко право, да биде 0,95 проценти и со тоа да се усогласи со одлуката на уставниот суд. Но, тој обид во Собранието бил неуспешен.

-Сега има правен вакуум кој се користи во најширока смисла на зборот, при што секој може да поднесе независна кандидатура што за демократијата е најверојатно најдобро. Не занам како во пракса ќе се изведе тоа, но сепак е резултат на тоа што законодавецот на успеал да ги канализира одлуките на Уставниот суд, рече раа.

Како втор пример го посочи Кривичниот законик.

-Таму не укинавме одредби, поведовме постапка со најава дека постои голема можност да укинеме, бидејќи во нашата одлука за поведување стојат причините за сомнеж на Судот дека законот, односно измените се неуставни. Ако ние ги укинеме или поништиме тие измени, бидејќи таков е правниот ефект на одлуките на Судот не може да ја врати старата норма, едноставно ќе ја нема онаа која Собранието ја сменило, ниту новата која Судот ја укинал. За да не се доведеме во ситуцација тоа да се случи, односно практично да ги нема кривичните дела од спорните одредби и да можат луѓето да прават кривични дела беза казни му дадовме Собранието во рок од 6 месеци да ги смени односно усогласи одлуките и во тој случај би ја запреле постапката, појаснува Павловска Данева додавајќи дека во тој случај ниту би ја укинале, ниту поништиле одредбата. 

За жал, нагласува таа, рокот од шест месеци коинцидирал со изборите и како што вели, во време на избори не се носат такви закони во собрание.

Очекува дека по изборите ќе биде Кривичниот законик ќе биде ставен во процедура согласно одлуката на Уставниот суд за тој да не биде доведен во ситуација да ги укине или поништи одредбите на штета на целото општество и јавниот интерес.

Павловска Данева е учесник на  17. сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во рамки на проектот „Национална конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК)“, што се одржува во Скопје.

Тема на настанот е „Предизвиците на Уставниот суд на Република Северна Македонија низ призмата на европските стандарди за уставното судство“. сст/ар/

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан