Павел Иванов најави изградба на спортска сала за боречки вештини во Штип
- Штип отсекогаш бил расадник на врвни спортисти, особено во областа на боречките вештини. Со цел да се создадат современи услови за нивен понатамошен развој, предвидуваме нов капитален проект – изградба и опремување на специјализирана спортска сала за боречки вештини, истакна на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Павел Иванов.
Штип, 13 октомври 2025 (МИА) - Штип отсекогаш бил расадник на врвни спортисти, особено во областа на боречките вештини. Со цел да се создадат современи услови за нивен понатамошен развој, предвидуваме нов капитален проект – изградба и опремување на специјализирана спортска сала за боречки вештини, истакна на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Павел Иванов.
Тој посочи дека овој проект предвидува современ, енергетски-ефикасен спортски објект, наменет исклучиво за боречки дисциплини како борење, џудо, карате и други.
-Со изградбата на овој објект, спортистите од Штип ќе добијат врвни услови за тренинг, што директно ќе придонесе за подобрување на нивните резултати и за подигнување на угледот на боречките спортови во заедницата. Проектот има за цел да поттикне развој на спортот и здрави животни навики кај младите, но и да овозможи организирање на турнири од повисок ранг, вели Иванов.
Тој додаде дека салата ќе биде наменета за професионални спортисти и клубови, рекреативци, како и за сите деца и млади од општината кои сакаат да се занимаваат со спорт. вдј/
Фото: МИА