• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО поднесе обвинение за дилер од Скопје

ОЈО поднесе обвинение за дилер од Скопје
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 38 – годишен скопјанец поради сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. - При претрес извршен од службени лица на 9 декември 2020 година, во спалната соба од семејната куќа на обвинетиот биле пронајдени  вкупно 16,40 грама наркотична дрога – хероин спакувана во 16 полиетиленски пакувања, потоа 4,22 грама наркотична дрога – марихуана спакувана во 3 пакувања и една дигитална вага, се вели во соопштението од ОЈО. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои основано сомнение дека обвинетиот може да се даде во бегство, дека може да ја попречува кривичната постапка и да влијае на сведоците, како  и страв дека ќе го повтори кривичното дело.​ аа/дма/

Остани поврзан