• сабота, 21 декември 2024

ОЈО побара притвор за дилер кој криел дрога во своето возило

ОЈО побара притвор за дилер кој криел дрога во своето возило
Скопје, 14 ноември 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. ОЈО соопшти дека бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​ Како што појаснуваат, осомничениот, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 109,59 грама, како и 42,42 грама амфетамин. Најпрвин, при преглед на возилото, на задното седиште била пронајдено помало полиетиленско пакување со бела грутчеста материја. Потоа при претрес и по детекција со службено куче, во импровизирана преграда во контролната табла, под радиото на автомобилот, била пронајдена останатата дрога. ев/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан