• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ОЈО Куманово оформи предмет за загадувањето на Крива река

ОЈО Куманово оформи предмет за загадувањето на Крива река

Куманово, 3 април 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината.

- Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе постапува. Оформен е предмет ОЈО ги повика инспекторите за животна средина, коишто презеле дејствија на контрола. Тие доставија извештај од своето постапување до обвинителството. ОЈО продолжува да се преземаат и други дејствија, издадени се наредби и вештачења, информираа за МИА, од ОЈО Куманово.

Денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски презентираше нови анализи со кои тврди дека водата во реката е сериозно загадена. Вчера на прес-конференција менаџментот на компанијата „Булмак 2016“ негираше дека техничкиот проблем што настанал во рудникот Тораница не предизвикал загадување на Крива река. ам/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан