• понеделник, 23 декември 2024

Оштините од истокот бараат да се забраза процесот на изградба на регионалната депонија кај светниколско Мечкуевци

Оштините од истокот бараат да се забраза процесот на изградба на регионалната депонија кај светниколско Мечкуевци

Штип, 23 август 2024 (МИА) - Да се откочи деценсикиот проект и кончено да се изгради регионалната депонија кај селото Мечуевци во Општина  Свети Николе. Ова беше денешната главна тема  на третата седница на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Источно Планскиот регион. Претседателот на Советот на градоначалници на Источно Планскиот регион, Виктор Паунов потенцираше дека изградбата на регионална депонија кај светниколското  село Мечкуевци е од големо значење за граѓаните од источниот и североисточниот регион, со што ќе бидат затворени големи број мини депонии кои секојдневно се создаваат.

- Фазите кои што се завршени со имплементација и они кои што допрва треба да следат треба да се даде прецизни информации во однос на статусот и главниот дел, однонсо почетокот на реализација на проектот за изградба на депонија, односно Фабрика за управување со отпад или регионален центар за управување со отпад.

 Заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска вели дека проектот трае веќе цела една деценија, а во изминатиот месец добил на динамкика. Посочи дека обврските на министерството веќе се при крај, а очекуваат Европската комисија да ги одобри документите и тендерот да биде распишан во првата половина на месец септември.

-По завршувањето на тендерот, следува евалуација и очекуваме изградбата на депонијата да заврши во рок од година и пол или две.Во меѓувреме остануваат уште некои мали обврски, кои што дел од оштините треба да ги завршат, но тоа би бил паралелен процес кој би се одвивал од страна на државата и општините. Се работи за еден исклучително важен проект за државата и за овој регион источниот односно северосисточниот, вели Лашкоска.

 Изградбата на современиот систем за депонирање на отпад за двата региони се одвиваше во неколку фази и е вреден околку 40 милиони евра, со што 85% од  средствата се од фондовите на ЕУ, а со 15% учествува на државата. Дел од проектот е завршен затоа што општините добија возила, а во моментот се одвиива фазата за добивање на канти за ѓубре и контејнери, а како за крај останува завршната фаза. Односно крајната реализација на проектот за изградбата на депонијата. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан