• недела, 22 декември 2024

„Охридски комуналец“ најави тужби за корисниците кои не ги подмириле сметките за извршените услуги

„Охридски комуналец“ најави тужби за корисниците кои не ги подмириле сметките за извршените услуги

Охрид, 13 ноември 2024 (МИА) – Јавното претпријатие „Охридски комуналец” упати известување до сите физички и правни лица на територијата на Општина Охрид кои ги користат услугите на јавното претпријатие дека во периодот што следува заклучно до 31 декември ќе пристапи кон покренување тужби за сите фактурирани, а неплатени сметки.

Од претпријатието упатуваат повик со сите физички и правни лица кои ги користат услугите на јавното претпријатие да пристапат кон доброволна исплата на долгот што го имаат кон јавното претпријатие, за да не бидат изложени на дополнителни трошоци што ќе настанат со поднесените тужбени побарувања.

Од „Охридски комуналец“ уште посочуваат дека корисниците долгот можат да го подмират и преку системот за електронска наплата и онлајн плаќање на сметките со кредитна или дебитна картичка, без провизија.

„Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат“, додаваат од ЈП „Охридски комуналец”. аб/мд/

фото/МИА

 

 

Остани поврзан