Официјално: Смолинг веќе нема никаква врска со Манчестер Јунајтед
- „Црвените ѓаволи“ го продадоа дефанзивецот за 15 + 5 милиони евра.

Рим, 5 октомври 2020 (МИА) - По 10 години како играч на клубот, Крис Смолинг го напушти Манчестер Јунајтед во насока на Рома.
„Црвените ѓаволи“ го продадоа дефанзивецот за 15 + 5 милиони евра.
Поранешниот англиски репрезентативец се покажа како вишок на „Олд Трафорд“ летото 2019 година и беше позајмен на „волците“ од Вечниот град.
Со тимот на „џалоросите“, Смолинг брзо ги освои симпатиите на навивачите и челниците на Рома, па затоа сега сакаа трајно да го задржат.