Официјално: Наполи го задржува својот најдобар стрелец во историјата
- Белгиецот пристигна во Неапол во 2013 година и во моментов е во својата седма сезона со „небесносините“. Пред само неколку дена, 33-годишниот играч стана стрелец број еден во историјата на кл
Неапол, 17 јуни 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, официјално го продолжи договорот за уште две години со опција за трета, објави клубот.
Белгиецот пристигна во Неапол во 2013 година и во моментов е во својата седма сезона со „небесносините“. Пред само неколку дена, 33-годишниот играч стана стрелец број еден во историјата на клубот, откако веќе има 122 погодоци.
- Среќен сум што ќе бидеме заедно подолго. Да живее Дрис!, напиша претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис на Твитер.