• четврток, 19 декември 2024

Официјално започнува проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“

Официјално започнува проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“
Тетово, 21 септември 2022 (МИА) - Со свеченост во Тетово денеска официјално започнува проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“. На настанот во Тетово, како што најави Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), свое обраќања ќе имаат ресорниот министер Насер Нуредини, шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир и директорот на националниот парк „Шар Планина“, Ибрахим Дехари. - Целите на проектот поврзани со подготовките на земјата за спроведување на директивите на ЕУ за заштита на природата (Директива за живеалишта и Директива за птици), како и Регулативата CITES за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора ќе ги презентира тим лидерот на проектот, Даниел Богнер, соопшти МЖСПП. мс/сп/

Остани поврзан