Официјално: Гатузо нов селектор на Италија
- Џенаро Гатузо е нов селектор на италијанската репрезентација, соопшти прес-службата на Италијанската фудбалска федерација (FIGC).
Рим, 15 јуни 2025 (МИА) - Џенаро Гатузо е нов селектор на италијанската репрезентација, соопшти прес-службата на Италијанската фудбалска федерација (FIGC).
Четириесет и седумгодишниот Гатузо ќе им биде претставен на играчите на репрезентацијата во четврток, 19 јуни.
- Гатузо е симбол на италијанскиот фудбал. Неговата мотивација, професионализам и искуство ќе бидат фундаментални за најдобро справување со претстојните обврски на репрезентацијата. Свесен за важноста на целта што сакаме да ја постигнеме, му се заблагодарувам за подготвеноста и целосната посветеност со која го прифати овој предизвик, рече претседателот на FIGC, Габриеле Гравина.
Италијанската репрезентација ја предводеше Лучијано Спалети од 2023 година, кој беше отпуштен по убедливиот пораз на тимот од Норвешка (0:3) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.
Гатузо претходно ги тренираше италијанскиот Милан, Наполи, шпанската Валенсија, францускиот Марсеј, а неговото последно место на работа како главен тренер беше хрватскиот Хајдук. зс/
Фото: ЕПА