• сабота, 11 мај 2024

„Оушн Гејтс“ објави дека екипажот на подморницата Титан е изгубен

„Оушн Гејтс“ објави дека екипажот на подморницата Титан е изгубен

Њујорк, 22 јуни 2023 (МИА) - Екипажот на подморницата Титан е изгубен, нејзината рамка за спуштање на дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт.

„Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, се вели во соопштението на приватната компанија.

Во соопштението се вели дека патниците биле вистински истражувачи кои споделувале посебен дух на авантура и длабока страст за заштита на светските океани.

„Ова е исклучително тажно време за нашите посветени вработени кои се исцрпени и длабоко тажни поради оваа загуба. Целото семејство на Оушн Гејт е длабоко благодарна на мажите и жените од многуте организации на меѓународната заедница кои толку напорно работеа на оваа мисија“, соопштија од компанијата. зш/

Остани поврзан