„Оушнгејт“ и една седмица по несреќата сè уште рекламирала патувања до „Титаник“
- Американската туристичка агенција „Оушнгејт“ (OceanGate), што стои зад неодамнешната несреќа со подводната експедиција кон „Титаник“, и над една седмица по смртоносната несреќа сè уште рекламираше патувања со посета на легендарниот потонат брод, јавуваат западните медиуми.
Сиетл, 3 јули 2023 (МИА) - Американската туристичка агенција „Оушнгејт“ (OceanGate), што стои зад неодамнешната несреќа со подводната експедиција кон „Титаник“, и над една седмица по смртоносната несреќа сè уште рекламираше патувања со посета на легендарниот потонат брод, јавуваат западните медиуми.
Имено, на нивната интернет-страна сè уште стоело известување дека две патувања кон „Титаник“ се закажани за 2024 година и ќе се одржат од 12 до 20 јуни и од 21 до 29 јуни. Такво патување до „Титаник“ чини 250.000 долари по лице и нуди едно нуркање, приватно сместување, обука, опрема за експедицијата и сите оброци за време на патувањето. Максималниот капацитет за секое нуркање е ограничен на шест лица со долна граница на возраста од 17 години.
Во меѓувреме, тие податоци за следните планирани експедиции, се чини, се тргнати од официјалната страница.
Патувањето до „Титаник“ е опишано како „култна експедиција за нуркање во руините“ на бродот. На страницата, исто така, има фотографии и видеа на коишто се прикажани претходни експедиции, како и сведоштва од учесниците.
Патувањето со подморницата на „Оушнгејт“ трае осум дена и седум ноќи, а почнува во градот Сент Џон, Канада. При последното патување, петмина патници го загубија животот, меѓу кои и 77-годишниот стручњак за „Титаник“, Пол-Анри Наргеолет. си/рп/
Фото: „Оушнгејт“