• вторник, 19 ноември 2024

Отфрлени обвинувањата за сексуална злоупотреба против пејачот „Рамштајн“, Тил Линдеман

Отфрлени обвинувањата за сексуална злоупотреба против пејачот „Рамштајн“, Тил Линдеман

Берлин, 30 август 2023 (МИА) - Обвинителството во Германија ја прекина истрагата за сексуална злоупотреба против пејачот на хеви-метал групата „Рамштајн“, Тил Линдеман.

Рокерот беше обвинуван за непримерно однесување, но според „Дојче веле“, истражителите не успеале да соберат докази за да ги поткрепат овие наводи. Обвинувањата прво се појавија во интернет-објава на обожавателка по име Шелби Лин, која тврдеше дека нејзините пијалаци биле полни „дрога за силување“ за време на забава пред концертот во Литванија на 22 мај годинава. Потоа таа повраќала и имала модринки, но на крајот призна дека го одбила додворувањето на рок-ѕвездата.

„Сакам повторно да појаснам. Тил не ме допре. Тој прифати дека не сакам да имам секс со него. Никогаш не тврдев дека ме силувал“, додаде таа на Твитер и покрај првичните негодувања и обвинувања.

Бендот тогаш брзо издаде соопштение каде што ги одрече наводите, но следеа наводни сведоштва и од други обожавателки и посетителки кои тврдеа дека девојки кои присуствувале на настапите, редовно биле извлекувани „зад сцената“... Па натаму, некој од луѓето околу бендот би ги запознал со Линдеман, а во некои случаи обожавателката наводно била и дрогирана.

Во јуни, обвинителите во Литванија објавија дека нема да отворат истрага пo обвинувањата на Лин. Германските власти одлучија да го сторат истото бидејќи не можат да ги соберат изјавите на наводните жртви и не нашле докази дека Линдеман навистина ги извршил престапите.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан