• понеделник, 23 декември 2024

Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад околу Скопскиот aквадукт

Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад околу Скопскиот aквадукт

Скопје, 12 декември 2023 (МИА) -  Околу 50 кубни метри непрописно одложен градежен, кабаст и мешан комунален отпад се подигнати и транспортирани минатата недела околу Скопскиот аквадукт. 

Како што информира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, нивните екипи во координација со Град Скопје реализираа активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт.

При отстранувањето на дивите депонии околу Скопскиот aквадукт на терен биле ангажирани десет работници, додека од механизација биле употребени две специјални комунални возила - патарки и подигнувач-багер. мд/дма/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

Остани поврзан