• недела, 02 февруари 2025

Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во скопската општина Чаир

Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во скопската општина Чаир

Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле повеќе диви депонии лоцирани во скопскaта општина Чаир.

-Интервенирано е на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, на булеварот „Крсте Мисирков“, како и на неколку локации во населбата Серава. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавни и сообраќајни површини, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје. дма/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

 

Остани поврзан