• петок, 17 мај 2024

Коњите во ЗОО Скопје биле отруени

Коњите во ЗОО Скопје биле отруени

Скопје, 10 август 2023 (МИА) - Сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров, извести Зоолошка градина Скопје на официјалниот Фејсбук профил.

Во статусот пишува дека официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека коњите се отруени со брзоделувачки отров.

Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Поднесена е и кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.

ЗОО Скопје апелира до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот. сан/са/

Остани поврзан