Отворена канцеларија за адвокати во рамки на Основниот кривичен суд Скопје
- Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ отвори Канцеларија за адвокати во рамки на Кривичниот суд која, како што информираат, може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски во рамки на судот.
Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ отвори Канцеларија за адвокати во рамки на Кривичниот суд која, како што информираат, може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски во рамки на судот.
Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените канцеларии на судиите и судската служба.
-Канцеларијата е опремена од страна на Адвокатската комора на РСМ со соодветен канцелариски мебел и е со цел да овозможи простор на адвокатите за кратки пауза меѓу насрочените расправи како и подготовка за рочиште, воедно истата може да се користи и за состаноци и координација на бранителите. Ова е прва ваква канцеларија која ја овозможува Основниот кривичен суд Скопје која може да се користи од адвокатите, а во финална фаза на подготовка е и просторија која ќе може да ја користат Јавните обвинители, по примерот на Медиа центарот наменет за претставниците на медиумите кои известуваат од судските расправи како и просторијата за Судии поротници, се вели во соопштението од Кривичен.
Со тоа, Кривичниот суд, како што посочуваат, се обидува да овозможи просторни услови за работа не само за вработените и за непречено одвивање на судските рочишта, туку и соодветни услови за работа на сите чинители кои се јавуваат како странки ,но и јавност во судските расправи во правец на поголема отвореност и транспарентност на судот. аа/дма/
Фото: Основен кривичен суд Скопје