• четврток, 14 ноември 2024

Откриено кој фудбалер на Барсa e заразен со коронаворус пред мечот со Баерн

Откриено кој фудбалер на Барсa e заразен со коронаворус пред мечот со Баерн
Лисабон, 12 август 2020 (МИА) - Фудбалерот на Барселона, Жан-Клер Тодибо е позитивен на коронавирусот, објави каталонскиот клуб. - Тодибо е еден од деветте фудбалери кои ги започнаа подготовките за следната сезона порано и не беше во контакт со првиот тим, кој утре ќе отпатува за Лисабон за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн, рекоа од Каталонија. Младиот Французин неодамна се врати од позајмица во Шалке. - Инфицираниот фудбалер е без симптоми, се чувствува добро и е во домашна изолација, изјавија од Барселона. Четвртфиналниот судир помеѓу Барселона и Баерн е закажан за в петок вечер во Лисабон.

Тагови

Остани поврзан