• понеделник, 23 декември 2024

Откриени 30 мумии во Египет

Откриени 30 мумии во Египет
Каиро, 31 јануари 2022 (МИА) - Истражувачи во Египет пронајдоа 30 мумии на луѓе од различна возраст, меѓу кои и постари лица со артритис, деца и новороденче. Иако сè уште не ја датирале гробницата, научниците веруваат дека се работи за едно семејство кое со векови ги закопувало своите починати во неа. Според Патрисија Пјачентини, професорка на Универзитетот во Милано, Италија, египтолог и раководител на ископувањата, погребувањата најверојатно биле извршени во периодот на Птоломеидите и Римска Империја - од првиот век пр.н.е. до вториот или третиот век н.е. Отворената некропола е едно од 300-те погребни места откриени околу Мавзолејот на Ага Хан што се наоѓа на врвот на мал рид близу Нил. Но, додека повеќето други гробници се под земја или ископани во карпести ридови, оваа е единствена по тоа што се наоѓа во поголема надземна структура. Тоа можеби значи дека местото веројатно се користело и за жртвување. - Поради својата местоположба во долината, оваа зграда се чини дека била користена како свето место каде што се принесувале жртви на богот на плодноста Кнум, кој бил особено почитуван во Асван. Кој и посоодветен од него да им обезбеди вечен живот на оние што почиваат во оваа некропола?!, рече Пјачентини. Раководителката на ископувањата истакна дека допрва треба да ги анализираат наодите за да се утврди нивната старост и другите подробности.  си/сд/

Остани поврзан