• петок, 22 ноември 2024

Откако СПАК побара проверка на точниот идентитет, Илир Мета објави дека неговото презиме било и е Метај

Откако СПАК побара проверка на точниот идентитет, Илир Мета објави дека неговото презиме било и е Метај
Тирана, 29 август 2022 (МИА) - Поранешниот албански претседател Илир Мета, сега лидер на Партијата на слободата, денеска  на Фејсбук напиша дека „никој не треба да се грижи за неговото презиме кое било и е Метај“. Ваквиот став на Мета доаѓа откако Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) побара податоци од Управата за матична евиденција за неговите генералии. - Јас сум и секогаш ќе бидам Илир Реџеп Метај, роден на 24 март во Чепан кај Скрапар и немам причина не само да не се гордеам со моето име, туку и со моето презиме, наведе Мета. Мета, чиј петгодишен мандат заврши на 24 минатиот месец не дава објаснувања зошто за пет години на чело на државата потпишаните укази се со Илир Мета, а не со Илир Метај. Од друга страна пак, Петрит Васили, еден од неговите најблиски соработници, порача дека загриженоста за промена на името или презимето треба да се упати до премиерот Еди Рама. - Во 2002 година, Еди Рама официјално го промени своето име од Едвин Кристаќ Рама во Еди Рама. Единствениот човек што го имаме на највисоките нивоа на политиката и со многу голем формално-правен проблем, бидејќи исто така е предмет на законската регулатива да се проневери државна функција преку измама со генералите е најтипичен случај што го имаме е Еди Рама, напиша Васили. Минатата недела беше објавено дека СПАК почнало истрага против Мета за непријавено лобирање од 700.00 долари во САД, кога беше претседател на Парламентот. Исто така во досиејата на поранешната тајна служба Илир Метај се споменува како соработник на службата. вт/ми/        

Остани поврзан