• петок, 05 декември 2025

Откажан тренингот на женската фудбалска репрезентација на Велс

Откажан тренингот на женската фудбалска репрезентација на Велс

Сент Гален, 8.јули 2025 (МИА) - Автобусот на женската фудбалска репрезентација на Велс беше дел од „сообраќајка“ патувајќи на тренинг во пресрет на утрешниот натпревар од Д групата на ЕУРО 2025 со Франција. Од фудбалската федерација на Велс објавија дека нема повредени од фудбалерките и од стручниот штаб, но сепак откажан е тренингот во Сент Гален. 

Не е повреден ниту возачот на другото возило, но за секој случај брза помош беше на лице место и ги прегледале сите учесници во инцидентот. 

Велс во дуелот од првото коло на ЕУРО 2025 загуби од Холандија со 3:0, а покрај утрешниот натпревар со Франција на 13.јули играат и против Англија.  мн/  

Фото: ЕПА

Остани поврзан