• петок, 09 август 2024

Откажано свеченото затворање на изложбата „Арт-турнеја“, чиј домаќин е Националниот музеј на Србија

Откажано свеченото затворање на изложбата „Арт-турнеја“, чиј домаќин е Националниот музеј на Србија

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија денеска информира дека во светло на трагичните настани што се случија на Косово и Метохија во неделата, денешното закажано свечено затворање на изложбата „Арт-турнеја“, чиј домаќин е Националниот музеј на Србија во Музејот на град Скопје е откажан.

Изложбата „Арт-тур“ на Народниот музеј на Србија во Музеј на Град Скопје, содржи репродукции од уметничките збирки на Националниот музеј на Србија од 18 до 20 век од реномирани уметници како Моне, Писаро, Гоген, Реноар, Пикасо, Матис, Дега, Јовановиќ, Ивановиќ, Петровиќ, Шумановиќ и други. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан