• понеделник, 23 декември 2024

Отворен фестивалот „Кларифест“

Отворен фестивалот „Кларифест“
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Со свечен концерт на ученици и студенти по кларинет, синоќа во „Салон 19.19“ беше отворен Фестивалот за кларинети „Кларифест“ - Скопје 2021.
Фестивалот се одржува третпат, во организација на Здружението за култура и уметност „АРТИСТИКО“-Скопје. Фестивалот ќе трае три дена и предвидува концерти, семинари за кларинет, како и стручни предавања и промоција на производи за кларинет, кои ќе се одвиваат во салата „Империјал“ при НОБ.
На фестивалот како гости ќе учествуваат двајца еминентни кларинетисти од странство, Пјер Генисон од Франција, артист на Buffet Crampon и познат интернационален солист, и Ромуалд Голебиовски од Полска, солист и професор по кларинет на Музичкиот универзитет „Фредерик Шопен“ во Варшава. Тие ќе одржат дводневни семинари за кларинет, а утре ќе се претстават и со заеднички рецитал во салата на Музејот на македонската борба, со почеток од 19 часот.
„Кларифест“ - Скопје 2021 е финансиски поддржан од Министерството за култура, а како партнери се јавуваат и познатата марка за кларинети Буфет Крампон - Париз, познатата марка за писки за кларинет МАРКА - Франција, Француски Институт - Скопје, Амбасадата на Република Полска во Скопје и др.
Сите настани се од отворен тип и бесплатни, но со ограничен број на посетители и со примена на сите мерки за заштита против Ковид-19. мд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан