• недела, 17 ноември 2024

Отворено 21. издание на фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“

Отворено 21. издание на фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“
Дебар, 24 јуни 2022 (МИА) – Со претставата „Мурлин Мурло“ на текст на Николај Кољада, во режија на Кристина Димитрова а во изведба на Албански театар-Скопје, вечерва беше отворено 21-то издание на фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“. На отворањето се обрати директорот на фестивалот Илбер Нуредини, кој кусо се потсети на почетоците и се заблагодари на сите оние кои „имале верба во неговото залагање и го поддржале а со самото тоа и 21-но годишното постоење на фестивалот“. -Голема благодарност до сите што не поддржуваат во оваа значајна манифестација за дебрани. Понатаму опстанува надежта дека набрзо надлежните ќе го прифатат барањето за институционализација на фестивалот. Благодарам и на публиката која е нашата најголема поддршка, рече Нуредини. Градоначалникот Хекуран Дука го прогласи за отворен фестивалот и посака успешни фестивалски денови и најави продолжување на поддршката од страна на локалната власт. -Чест ми е да ја прогласам за отворена оваа значајна манифестација, по која е препознатлив нашиот град, чии граѓани знаат да препознаат што значи добра претстава и соодветно да ја наградат. Дебар и сите ние, неговите граѓани, се гордееме што сме домаќини на познати театарски куќи. Ветувам дека како локална власт ќе продолжиме, во рамки на нашите можности, да го поддржуваме одржувањето на фестивалот, рече меѓу другото Дука. Утре пред дебарската публика ќе настапат актерите од театарот „Ултра“ од Куманово, со претставата „Лекување“, потоа гостиварскиот театар со „Вес Вес“, Националниот ЕТ „Кујтим Спахивогли“ од Тирана, Националниот театар од Приштина, како и албанскиот театар за деца и млади од Скопје. Последната фестивалска вечер, на 30 јуни, дебарската публика ќе има можност да ја проследи претставата „Граѓанинот благородник“ од Молиер, во режија на Куштрим Бектеши а во изведба на тетовскиот театар, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка. Одржувањето, како и во изминатите години е поддржано од македонското министерство за култура, овој пат со 1,4 милиони денари, општина Дебар, НУ Центар за култура-Дебар, каде традиционално се одржува фестивалот, како и други дарители. вт/ки/

Остани поврзан