• четврток, 26 март 2026

Отворено студио во „Арт поинт – Гумно“ во Слоештица

Отворено студио во „Арт поинт – Гумно“ во Слоештица

Скопје, 13 септември 2025 (МИА) - Во „Арт поинт – Гумно“ во село Слоештица, Демир Хисар денеска од 12 до 20 часот љубителите на уметноста ќе можат да ги видат делата создадени за време на годинашната уметничка работилница. Петмина  уметници од светот творат скулптури, слики и инсталации во уметничкото гумно во село Слоештица во периодот од 1 до 14 септември. Темата што е нивна инспирација оваа година е „Нурни се во зелената“.

- Токму таа, зелената магија на горен Демир Хисар придонесе да се создадат фасцинантни дела што љубителите на уметност ќе имаат можност да ги видат, а истовремено, посетителите ќе можат да се запознаат и со уметниците, соопшти „Арт поинт – Гумно“.

На меѓународната уметничка колонија „Арт поинт – Гумно“ гостуваат и творат: Надја Тауфик од Египет/Финска, Михај Варга и Чаба Шанта од Трансилванија, Романија, Недим Хаџи Ахметовиќ – Мафа од Србија и Кристина Кандрикова од Словачка. мд/лв/

Фото: „Арт поинт – Гумно“

 

 

 

Остани поврзан