• вторник, 02 јули 2024

Отворени четири интернет-изложби за древната кинеска култура и писменост

Отворени четири интернет-изложби за древната кинеска култура и писменост

Ланжоу, 4 октомври 2023 (МИА) - Музејот „Гансу Џијанду“ во северозападната кинеска покраина Гансу отвори четири интернет-изложби поврзани со древната Џијанду-култура. Називот „Џијанду“ се однесува на бамбусовите или дрвени листови на коишто Старите Кинези пишувале со четки и мастило пред да се измисли хартијата.

- Експонатите вклучуваат слики со висока резолуција од артефакти во музејот, придружени со подробни пишани и гласовни објаснувања што ќе ѝ помогнат на јавноста подобро да ги разбере изложените предмети, појасни Су Руи, заменик-кустос на Музејот.

Ова дигитално искуство нуди и предизвици со загатки и игри со Џијанду, чија цел е привлекување млади посетители.

Ова е единствениот кинески провинциски музеј со нагласка на древната писменост и старите начини на запишување. Има збирка од речиси 40.000 дрвени и бамбусови листови од времето на династијата Ќин (221 - 207 г. п.н.е.) до Сима Јин (265 - 317 г. н.е.), а исто така и над 10.000 други артефакти - папирус, текстил, дрвени и лакирани садови и железен прибор.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан