• четврток, 14 ноември 2024

Отворени избирачките места за претседателските избори во Иран

Отворени избирачките места за претседателските избори во Иран

Техеран, 28 јуни 2024 (МИА) - Во Иран денеска се отворени избирачките места за претседателските избори, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата Ахмад Вахиди.

Британскитре меидуми јавуваат дека претходно врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика гласачите да излезат на гласање во што поголем број бидејќи тоа е неопходно за да се „победи непријателот“.

-Било кој, кој е дури и малку против револуцијата... или исламскиот систем, не ви е од корист, рече Хамнеи.

Овие вонредни претседателски избори се организираат бидејќи иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина минатиот месец во хеликоптерска несреќа, заедно со шефот на дипломатијата. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан