• петок, 05 декември 2025

Отворена Јавна консултација за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025

Отворена Јавна консултација за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за  Локалните избори 2025

Скопје, 24 септември 2025 (МИА) - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (АВМУ) денеска на седница усвои  Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025, за кое е отворена јавна консултација.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната консултација и своите мислења и предлози за Нацрт-упатството да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk, најдоцна до утре (25 септември 2025 година, четврток) до 16:30 часот.

Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 е достапно на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk.лв/вј/

фото: МИА архива 

Остани поврзан