• петок, 05 декември 2025

Отворена фото-изложба „Најзелените примери од Западен Балкан“

Отворена фото-изложба „Најзелените примери од Западен Балкан“

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - „Најзелените примери од Западен Балкан“ е насловена фото - изложбата што денеска беше отворена во Скопје. 

На официјалното отворање беше истакнато дека изложбата EU4Green „Најзелените примери од Западен Балкан“, е посветена на заштитата на животната средина и спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан. На изложбата се претставени автентични фотографии, создадени од аматерски фотографи од целиот регион, кои доловуваат инспиративни приказни за луѓе, иницијативи и предизвици што придонесуваат за позелена и поодржлива иднина. 

Настанот се одржува во рамките на Skopje design week - регионален настан што го слави дизајнот, иновациите и одржливоста и е дел од мрежата NextGen Design, европска платформа што ги поврзува дизајн фестивалите посветени на одржливи решенија. Фотографиите се избрани преку регионалниот фото-конкурс на проектот EU4Green, на кој беа добиени 138 пријави од сите економии на Западен Балкан. Изложбата претставува 15 најдобри фото-приказни, нудејќи визуелно патување низ регионалните примери на еколошка акција и посветеност.

- Оваа изложба е од многу добри млади луѓе кои се занимаваат со фотографија и ја покажува убавината на природата, од различни перспективи. Ова е многу важно, за луѓето да можат да ја развијат својата свест, за значењето и чувањето на околината, нагласи во изјава за МИА, амбасадорот на Австрија во земјава, Мартин Памер. 

По изложбите во Подгорица, Тирана и Приштина, па сега во Скопје, изложбата ќе продолжи во Белград и Сараево, завршувајќи ја својата регионална турнеја.

Фото-изложбата е организирана од проектот EU4Green, финансиран од Европската Унија и Австриската агенција за развој (ADA) преку International Partnerships Austria и спроведуван од Агенцијата за животна средина на Австрија (Umweltbundesamt). бд/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан