• четврток, 26 март 2026

Отворена ретроспективна изложба „Бојата на мојата душа“ на академскиот сликар Ангел Петров

Отворена  ретроспективна изложба „Бојата на мојата душа“ на академскиот сликар Ангел Петров

Велес, 26 август 2025 (МИА) – Во велешкиот Ликовен салон синоќа беше отворена 64 ретроспективна изложба „Бојата на мојата душа“ на академскиот уметник од Велес, Ангел Петров. На изложбата која ја организира неговото семејство претставени се  87 дела колку што живееше авторот, 1933-2020.

Изложени се 36 пејсажи, 25 актови и 26 коњи, трите мотиви што го следеле уметникот Петров над  шест децении и на кои им се посветил. На изложбата се претставени досега неизложувани дела на авторот, информира на отворањето неговата сопруга Светлана Петрова на отворањето пред присутните.

Таа појасни дека во неговиот Велес досега имало 33 изложби, а посмртно семејството направиле пет изложби  од кое едната за Гоце Делчев по Велес беше отврена и во Белград каде ја видоа многу Македонци од цела Србија.

 Како што појасни Петрова,  актовите и коњите се во техника пастел и суппастел односно квалитетен француски пастел, на кој Петров почнал  да работи во 70 тите години на минатиот век.

- Актовите и коњите се извор на животот,за нивно цртање треба добро познавање на анатомијата.Петров долго ја студираше физиономијата и на актовите и на коњите и на нив работеше над 60 години, рече Петрова.

Пејсажите биле дел од неговата душа и исто така многу ги сликал.

Петрова информира дека на изложбата е изложен првиот портрет кој го изработил  Ангел Петров во 1953 година.

Таа потсети дека истата 1953 година  авторот го изработил и портретот на Марија Солева, мајката на Кочо Рацин која со денови му позирала како жив модел. По шест месеци откако го нацртал  таа починала.  Овој  портрет се наоѓа во Спомен куќата на Рацин во Велес.

Светлана Петрова  појасни дека за  оваа изложба  не добиле никаква поддршка од Општина Велес, тие самите ја подготвиле а направиле и отпечатиле и  каталог. Инаку  изложбата во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена во наредната недела,а планира да ја претстави и во други градови. Додава дека ретроспективна изложба остава трага која трае и ќе трае.

- Сликите ги правам за публиката. Немојте да ме барате на „Свети Пантелејмон“ во Велес, јас сум присутен меѓу сликите и секогаш сум тука за вас и со вас, велеше Ангел, потсети неговата сопруга Светлана Петрова на отворањето на изложбата.ад/

Фото: МИА

Остани поврзан