Отворена изложбата на истражувачкиот проект на Андријана Анреева со лицата со посебни потреби
- Во малиот салон на Галерија „КО-РА“ во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје во тек е изложбата "Interruption - Intersection", истражувачки проект на Андријана Андреева кој обединува пре
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Во малиот салон на Галерија „КО-РА“ во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје во тек е изложбата "Interruption - Intersection", истражувачки проект на Андријана Андреева кој обединува преку уметноста разни категории на лица со посебни потреби вклучувајќи ги во ликовна изведба и уметниците.
Како што информираат организаторите, проектот има за цел активна и кретаивна инклузија на лицата со посебни потреби како и преку вид на арт терапија, нивна надоградба и афирмација на нивните таленти, разоткривањето на нивните потреби, пораки и развивањето на нивните афинитети.
Виолета Калиќ, историчар на уметноста, на отворањето на изложбата говореше за специфичниот флуид кој потекнува токму од таа синтеза на разнородни сензибилитети, како и таа творечка инспиративна синергија која ги поместува нашите визии и нашата перцепција за лицата со посебни потреби.
- При тоа забораваме дека во еден миг со самото стареење и трошноста на материјата стануваме сите од некого помалку или повеќе зависни, токму поради тие ограничувања кои се неминовен дел од процесот на животот и стареењето како императив уште од самото раѓање, истакна таа.
Проектот е подржан од Министерството за културa, Црвен Крст, Град Скопје, како и од Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје. сх/нд/