• понеделник, 23 декември 2024

Отворање на мултимедијалната изложба „Човеколики неволји“

Отворање на мултимедијалната изложба  „Човеколики неволји“
Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Во КСП „Центар-Јадро“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Човеколики неволји“ - уметнички проект на авторката Ивана Мирчевска, составен од видеоперформанс, звучен пејзаж и инсталација. 
 
Во проектот учествуваат Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.
 
Како што соопшти организаторот на изложбата, проектот се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта, препознавјќи го пејзажот и неговите сочинители како активни посредувачи во креирањето на условите за живот. 
 
-„Човеколкиувањето“ или антропоморфизирањето, претставува културна и визуелна практика на припишување човечки карактеристики на околината, најчесто женски атрибути, однесувања и појави. Всушност, човечкиот лик е отелотворен и во денешниот дискурс кој ја објаснува тековната планетарна состојба преку поимот „Антропоцен“ - ера во која човечкото влијание доминира врз природниот тек на процесите на природата, наведува КСП „Центар-Јадро“.
 
Проектот е спроведен во рамки на програмата „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП „Центар-Јадро“ со поддршка на Фондација отворено општество Македонија.
Авторката Ивана Мирчевска (1992, Скопје) е визуелна уметница и истражувачка која работи преку слики во движење, текст и инсталација. хс/лв/
 

Остани поврзан