• понеделник, 23 декември 2024

Отворање на летните тераси на угостителските објекти и полициски час од 21 часот

Отворање на летните тераси на угостителските објекти и полициски час од 21 часот
Скопје, 26 април 2021 (МИА) - Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почне од 21 часот, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час, односно да може граѓаните слободно да се движат, а во тие денови работењето на угостителските објекти да биде исто како што ќе биде и дотогаш до 20, односно 20:30 часот. - Ова се одлуките за нови рестриктивни мерки кои денеска ги донесе Кризниот штаб, кои треба да важат во следниот период, односно утре на седница на Влада треба да се добие согласност и да се прифатат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Сето ова, посочи министерот, е резултат на се ова што се случува, на навремено донесените мерки и димензионирањето на целокупниот систем на координација на приеми во болниците. - Имајќи го и ова сега предвид се ослободуваат и некои одделенија кои беа дополнително ангажирани да сместат пациенти со Ковид-19. Генерално чувствуваме олабавување во смисла на намален притисок. Ги следиме трендовите и во околните држави, овој втор бран насекаде, во сите околни земји спласнува. Се надевам дека тоа, заедно со забрзаната вакцинација која ќе следи по Велигден, кога пред се ќе бидат дистрибуирани кинеските вакцини согласно бројот на пријавени во регионите, ќе ја смени сликата, додаде Филипче. рп/сп/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан