• петок, 07 јуни 2024

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Изложбата со скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски со наслов „Зодијак” ќе биде отворена вечер во ЈУ Младински културен центар.

Митко Дамјановски, роден во Кавадарци 1996 година. Завршил во средното Училиште за применета уметност „Лазар Личеноски” во Скопје на отсек вајарство 2014 година и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности смер вајарство 2019 година.

Изложбата „Зодијак“ е прва самостојна изложба на Митко Дамјановски. Таа е резултат на истражување во апстрактно творештво низ комбинации на различни матерјали. Целината од дванаесетте дела кои ги претставуваат хороскопските знаци од зодијакот се претставени во апстрактна форма. Во овој проект се подвлекува паралелата помеѓу секој знак како уникатен спој на особини кои оформуваат еден карактер и асоцијативната моделација која ја овозможиваат избраните ликовни елементи и принципи.

Изложбата ќе биде отворена до 25 декември годинава. дма/аа/

Фото: Плакат

Остани поврзан