• недела, 22 декември 2024

Отворање на изложбата „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во Мала станица

Отворање на изложбата „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во Мала станица
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универзитет, Башким Меџити. Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата и странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на Здружението на ликовни уметници „Draudacum“ од Гостивар, оснивач на Факултетот за ликовна уметност при Државниот тетовски Универзитет. Активно се занимава со сликарство и скулптура. Во Националната Галерија ќе се претстави со триесетина дела од последниот циклус на слики во техника акрил на платно изработени во текот на оваа година. Апстрактниот експресионизам е правецот во кој го реализира ликовниот израз. Случки од природата, урбаната средина и пејзажите ги пренесува во тоналитет на интензивни бои, до смирена бела и контрастна црна. Изложбата, која го носи насловот „Сертификат за кафе“ заради триптихот кој е создаден во доба на глобалната пандемија, ќе ја отвори директорката на Националната Галерија,  Дита Старова Ќерими. дма/вг/

Остани поврзан