Отворање на изложбата на Синиша Новески „Патина на љубовта“
- Изложбата на Синиша Новески „Патина на љубовта“ ќе биде отворена вечер од 19 часот во галеријата „Метаноја“.

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Изложбата на Синиша Новески „Патина на љубовта“ ќе биде отворена вечер од 19 часот во галеријата „Метаноја“.
Изложбата е во организација на галеријата „Метаноја“ и „Балканскиот институт за вера и култура“, а ќе биде отворена до 6 март оваа година.
За изложбата д-р Коста Милков вели „скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта“ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател, соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи“ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта“, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување“ и толкување на оваа најголемо животно „таинство“.“
На изложбата ќе се обрати рецензентот д-р Коста Милков, директорката на Галерија „Метаноја“ м-р Нада Милкова и авторот на делата Синиша Новески. ра/мд/
Фото: Галерија Метаноја