• петок, 05 декември 2025

Отворање на изложбата „Заедно“ на  Ивона Петрова

Отворање на изложбата „Заедно“ на  Ивона Петрова

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје, Изложбен салон Империјал 1 вечер ќе биде отворена изложбата „Заедно“ од ликовниот уметник Ивона Петрова, добитник на наградата „Борко Лазески“ за 2024 година.

Наградата „Борко Лазески“ која го носи името на основоположникот на современото монументално сликарство во Македонија, се доделува веќе 30 години, а е формирана од фамилијата на авторот и Факултетот за ликовни уметности – Скопје (ФЛУ) за најдобриот студент од сликарскиот оддел на факултетот.

Прв пат добитникот на наградата ќе изложува во просториите на ЈУ КИЦ – Скопје, поранешните изложби се реализираа во просториите на ФЛУ и Музејот на град Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 24.11.2025 година. мч/бк/

фото: КИЦ - Скопје

Остани поврзан