Отворање изложба „Убава е Македонија“ од Новица Трајковски
- Во галеријата „Метаноја“ денеска ќе биде отворена изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски.

Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Во галеријата „Метаноја“ денеска ќе биде отворена изложбата „Убава е Македонија“ на Новица Трајковски.
-Уметничката техника, методот, обработката, медиумот, жанрот и толкувањето можат да го направат секој физички предмет да мине отаде стварното и видливото, феноменот да каже нешто и за нуменот. Првиот впечаток кога се гледа секое платно поединечно, а потоа и како целина е повикот на уметникот да се забележи феноменот. Да се види претставеното, да се забележат деталите на него, особено оние аспекти кои потезите, четката и боите ги нагласиле, пишува за изложбата рецензентот д-р Коста Милков.
Изложбата ќе биде отворена до 22 ноември 2021 година. ар/мд/