• петок, 05 декември 2025

Отворање детско катче во КПД Идризово

Отворање детско катче во КПД Идризово

Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) - Управата за извршување санкции денеска ќе го отвори детското катче во Казнено-поправната установа Идризово, изградено со поддршка од Европската унија и Советот на Европа.

На настанот ќе се обратат директорот на Управата, Александар Пандов, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Бен Нупнау и Донче Бошковски, раководител на одделение II, Оддел за соработка на тема полиција и лишување од слобода, Совет на Европа.

-Оваа иницијатива се реализира во соработка со Министерството за правда на Република Северна Македонија, односно Управата за извршување на санкциите, со поддршка на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија“, информираат од Управата. мч/вг/

фото: МИА

Остани поврзан