• понеделник, 23 декември 2024

Осум медали за каратистите на Макпетрол на турнир во БиХ

Осум медали за каратистите на Макпетрол на турнир во БиХ

Скопје, 5 септември 2022 (МИА) – Каратистите на Макпетрол освоија осум медали (по четири сребрени и бронзени) викендот на меѓународниот карате турнир „Ноќ на шампионите 2022“ кој се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.

Сребрени медали освоија: Ангела Мојсовска сениорка +68 кг Стефан Стојанович сениор +84 кг Витомир Трајковски сениор -84 кг Јована Мицовска јуниорки -59 кг.

Со бронза се закитија: Петар Заборски сениори -75 кг Давид Петков сениор -75 кг Викторија Јовановска У21 -61 кг Викторија Јовановска сениорки, -61 кг.

Тренерот Бошко Заборски е задоволен од резултатите и освоените медали.

- Овој турнир  за нас имаше пред се контролен карактер. Контролата ја направивме во извонредна конкуренција со квалитетни натпреварувачи од Србија и Црна Гора. и комплетната репрезентација на Босна и Херцеговина. Задоволни сме од моменталната спортска форма, која во моментов уште не е на највисокото ниво. Сите спортисти кои настапија имаа по повеќе борби во своите тежински категории и тоа со добри и квалитетни натпреварувачи. Затоа точно можевме да ги видиме сите предности кои ги имаме но и недостатоците кои треба да ги поправиме. За сениорите ова беше одлична контрола, бидејќи тие на 25 септември заминуваат за Турција, да земат учество на Светските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржат во Самсун, изјави Заборски.

Учество на турнирот во Бјелина земаа 639 спортисти од 73 клуба од 10 држави. зс/

Остани поврзан