Осум македонски натпреварувачи викендов на турнирот „Словенија Опен“ во џуи џицу
- Во Марибор денеска и утре се одржува 20 издание на силниот Меѓународен турнир во џуи џицу „Словенија Опен“ на кој ќе настапат осум македонски натпреварувачи.

Марибор, 1 март 2025 (МИА) – Во Марибор денеска и утре се одржува 20 издание на силниот Меѓународен турнир во џуи џицу „Словенија Опен“ на кој ќе настапат осум македонски натпреварувачи.
На традиционалниот турнир во словенечкиот град се пријавени околу 500 борци од 11 држави.
Во рамки на „Словенија Опен“ ќе се одржи и првото коло од „Јадранската лига“ во која Македонија со својата сениорска екипа од самото основање е учесник.
Македонија лани го освои третото место. ег
ФОТО: Фејсбук