• сабота, 22 февруари 2025

Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во белградската општина Бараево

Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во белградската општина Бараево

Белград, 20 јануари 2025 (МИА) - Осум лица го загубија животот во пожарот што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета.

„Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите лица им беше овозможено алтернативно сместување“, посочи Чаушиќ.

Тој нагласи и дека натамошна истрага за причините за пожарот ќе спроведе Вишото јавно обвинителство. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан