• петок, 22 ноември 2024

Осумнаесетти протест „Србија против насилството“ посветен на состојбата во образованието и владеењето на правото

Осумнаесетти протест „Србија против насилството“ посветен на состојбата во образованието и владеењето на правото

Белград, 2 септември 2023 (МИА) - Во Белград и во уште неколку градови во Србија се одржа осумнаесетиот протест „Србија против насилството“ кој е посветен на состојбата во образованието и владеењето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот во Белград започна по правило испред Народното собрание од каде со блокада на центаралните белградски улици граѓаните, кои овој пат беа во поголем број за разика од протестите во август направија протестна прошетка до министерствата за правда и образование кои се наоѓаат во близина на плоштадот Славија.
Народниот пратеник од опозицијата, Александар Јовановиќ Чута најави дека до крајот на септември на протестите ќе говорат и политичарите ја повика опозицијата да ја блокира работата на српското Собрание од следната недела, кога почнува новото заседание.

-Утре е состанок на опозицијата, тој предлог е на маса, не гледам што друго да правиме, изјави Јовановиќ Ќута за Н1 на протестот „Србија против насилството“.
Тој потврди дека за таа акција има мнозински договор меѓу опозициските партии кои се организатори на протестот и порача дека опозицијата мора да го блокира собранието, да бара избори и заедно да учествуваат на нив.

Барањата на протестите Србија против насилството се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се ТВ Пинк и Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција БИА Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа. 
Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево.

Од недела во недела демонстрантите бараат одговорност од властите за долгорочното создавање амбиент што доведе до зголемување на насилството во државата.
Но, и по упорното повторување на барањата, власта не пристанува ниту на едно барање.
об/

 

Остани поврзан