• вторник, 26 ноември 2024

Осумнаесетта меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднина на Југоисточна Европа“

Осумнаесетта меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднина на Југоисточна Европа“
Скопје, 5 ноември 2020 (МИА) - По дигитален пат денеска започна 18-тата Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа” на која учествуваат 80 млади луѓе од 16 земји од Југоисточна Европа. На отварањето на конференцијата, извршниот директор на Младински Сојуз Крушево и координатор на Меѓународната младинска конференција Методија Стојчески, порачал дека конференцијата има за цел да отвори важни теми за младите луѓе и да ги промовира европските вредности. Тој, како што се вели во соопштението, истакнал дека оваа конференција е можност за остварување на заложбата за дијалог на младите луѓе и институциите, со цел креирање квалитетни и одржливи политики. Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Гизела Холнштајн, порачала дека младите луѓе треба да бидат гласни, исто како и слоганот на конференцијата „Биди глас, не ехо“. - Младите луѓе се партнери на ЕУ и се многу важни за Европската иднина, но и за процесот на проширување. Импресионирана сум од ентузијазмот за организација на дигитален настан за европските вредности, во време на КОВИД-19, истакнала Холнштајн. Германската амбасадорка, исто така, зборувала и за предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе и за чувството дека не се слушнати и изразила силна верба дека младите ќе бидат промоторот на вредностите на ЕУ. Евроамбасадорот Дејвид Гир, зборувал за важноста на младинските конференции на кои се зборува за европските вредности, особено во контекст на пандемијата предизвикана од КОВИД-19. - Иако сме поделени во различни држави, без можност физички да се сретнеме, јас верувам во духот и силната посветеност на Европските вредности. Плурализмот, недискриминацијата, еднаквоста, владеењето на правото, солидарноста, мултикултурализмот, како важни вредности на ЕУ се унапредуваат постојано во заштита на ранливите групи и што посилна социјална инклузија. Европските вредности мора постојано да бидат унапредувани и заштитени од напади на авторитарност, изјавил Гир. На конференцијата се обратила и Ева Елерејт, директорка на фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг во Северна Македонија, која истакнала дека за да се промени перспективата потребна е токму една ваква конференција на која се зборува за солидарноста како најважна европска вредност во време на предизвици и здравствена криза. Конференцијата продолжува на пленарни сесии на кои се дискутира за солидарноста во криза и пролиферација наспроти креирање на вистина. аа/бак/

Остани поврзан