• недела, 22 декември 2024

Осуммина работници на брза помош загинале во израелски напади врз јужен Либан

Осуммина работници на брза помош загинале во израелски напади врз јужен Либан

Бејрут, 18 ноември 2024 (МИА) – Во нападите на израелските сили врз јужен Либан загинаа осум лица кои работеле во Брзата помош, јави Ал Џезира.

Според извештаите, израелски авиони го бомбардирале центарот на Исламската здравствена установа во селото Араб Салим во провинцијата Набтије.

Либанската Влада и хуманитарни организации го обвинија Израел дека намерно ги гаѓа медицинските работници и вработените во Брзата помош во Либан, наведувајќи дека повеќе од 200 здравствени работници биле убиени во израелските напади изминатата година.

Израелски воени авиони викендов ги нападнаа јужните предградија на Бејрут, каде Хезболах има силни упоришта, откако армијата ги предупреди луѓето да се евакуираат од неколку згради. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан