• среда, 25 декември 2024

Остин ја откажа посетата на Јужна Кореја

Остин ја откажа посетата на Јужна Кореја

Вашингтон, 5 декември 2024 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин не планира да ја посети Јужна Кореја, јавија светските агенции, цитирајќи претставници на Пентагон.

Посетата беше откажана по неуспешниот обид на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол да воведе воена состојба во земјата оваа недела.

Остин планираше да го посети Сеул во блиска иднина, но беше одлучено дека сега не е време.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја извести Јужна Кореја за промената на планот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан