Оставена храна за орлите мршојадци на хранилиштето „Витачево“
- Оставена е храна за орлите мршојадци на хранилиштето „Витачево“. Емил Лисичанец од Здружението „Аквила“ за заштита на природата за МИА изјави дека на животните и птиците треба да им се помогн

Кавадарци, 11 јануари 2022 (МИА) - Оставена е храна за орлите мршојадци на хранилиштето „Витачево“. Емил Лисичанец од Здружението „Аквила“ за заштита на природата за МИА изјави дека на животните и птиците треба да им се помогне во обезбедувањето храна и тоа во зима, кога им е најтешко да ја обезбедат.
- Како Здружение години наназад се грижиме за орлите мршојадци и редовно им носиме храна на хранилиштето на висорамнината. Тоа што човек е мокар до коска и измрзнат, нема врска, затоа што задоволство е кога знаеш дека некој ќе преживее благодарение на твојот напор, нагласи Лисичанец.
Тој додаде дека прихраната се одвива редовно, дури и тогаш кога движењето со возило е невозможно поради невреме и мора да се оди пеш во снегот. свд/мд/