• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Осовременување на Музеј на Неготино

Осовременување на Музеј на Неготино
Неготино, 17 ноември 2022 (МИА) - Осовременет е просторот во Музеј на град Неготино, во духот со новото време, информираат од културната установа. Директорката Драгица Чекорова појаснува дека станува збор за проект од национален интерес, финансиран од страна на Министерството за култура на РСМ, согласно на програмата за оваа година.
- Целта на овој проект е да се создадат услови за соодветно депонирање, изложување, чување и подобрување на музејските збирки на постојани поставки, особено на презентирање на 41 икона од црквата “Свети Илија“ од село Вешје, општина Неготино, што се чуваат во музејот. А со тоа ќе се добијат стандардните услови за изложување на иконите. Доследно ќе бидат презентирани во новиот амбиент, кој е од исклучително значење за презентација и афирмација на културното наследство на Република Северна Македонија, вели Чекорова за МИА.
Монтирани се две нови клими со голема моќност, кои ќе го затоплуваат и разладуваат огромниот простор, каде се наместени постојаните археолошка и историска поставка. Заменето е старото неонско осветлување со нови лед штедливи светилки, кои ќе придонесат и за заштеда на електричната енергија. свд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан